Селф тестовите од денеска задолжителни за 900.000 вработени во различни сектори во Грција
За вработените во малопродажбата, супермаркетите, продавниците за храна и пијалаци, транспортот, службите за чистење, фризерските и козметичките салони, берберниците, обложувалниците, како и за одредени категории државни службеници, од денеска, во Грција е задолжителен селф тест, односно брз тест за Ковид-19 за домашна употреба, а без потврда за негативен резултат, забрането е пристигнување на работното место, јави дописничката на МИА од Атина.
Брзите селф тестови, задолжително е да се спроведуваат еднаш седмично, од вчера се достапни и бесплатни за конкретните категории вработени, односно околу 900.000 лица, а предвидени се и парични казни за непочитување на новата мерка.
Резултатите од тестовите се пријавуваат на специјалната интернет платформа, од каде што ќе се вади и потврдата при негативен резултат, додека пак доколку е позитивен, вработениот ќе треба во рок од 24 часа одново да се тестира во здравствена институција.
Во случај на потврда на првичниот резултат, тогаш се издава потврда и вработениот влегува во карантин.
Работодавците нема да смеат да ги примат на работа вработените кои нема да донесат потврда за негативен селф тест.
Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 300 до 1.500 евра.
Работодавците ќе бидат обврзани да ги информираат вработените за задолжителните тестирања, во спротивно ќе бидат казнети со 300 евра.
Ако примат на работа вработен без потврда, казната е 500 евра, додека пак ако лице кое има позитивен резултат од селф тестот редовно оди на работа, работодавецот ќе плати 1.500 евра.
Од денеска во Грција, почнуваат со работа и авто школите, но под конкретни здравствени протоколи и со задолжителен селф тест како за инструкторите, така и за кандидатите.
Селф тестовите, првпат беа воведни минатиот понеделник за учениците од повисоките класови од средните училишта паралелно со нивното враќање во училишните клупи, а од денеска се прошируваат и на други категории граѓани.
Конкретните тестови, што набргу ќе бидат достапни и за сите граѓани, според грчката Влада се дополнителна алатка во борбата со Ковид-19, но и дополнителна алатка во процесот на олабавување на рестрикциите.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија