СДСМ: Мицкоски не успеа да ги одбрани криминалите на ВМРО-ДПМНЕ
Губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека е на страната на криминалот и веднаш се стави во одбрана на тајкунот на режимот Орце Камчев, кој заедно со Мијалков и Груевски е осомничен дека со пари од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ купувале ексклузивни плацови на Водно.
Наместо Мицкоски да бара одговорност и расчистување случајот за наводна злоупотреба на пари на ВМРО-ДПМНЕ, тој му дава поддршка на Камчев.
Со ова се потврдува спрегата Мицкоски-Камчев за која јавноста слушна одамна преку објавени разговори меѓу првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Милески Кичеец.
Во тие разговори Мицкоски признава дека тој правел се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, правел се за да пропаднат предметите на СЈО, вклучително и предметот „Империја“ каде е обвинет и Камчев, но и признава дека Камчев финансиски ја помагал ВМРО-ДПМНЕ па можеби токму оттука се хипотеките на Мицкоски кон Камчев кои денес мора да ги отплаќа.
Мицкоски е фрустриран што не успеа да ги одбрани криминалите на неговите ментори Груевски и Мијалков, што не може да го заштити тајкунот Камчев.
За разлика од времето на режимот денес законите важат подеднакво за сите, на дело гледаме неселективно владеење на правото.
А Мицкоски останува осамен на браникот на криминалот, во очекување на нови порази и од правдата и од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
|
|
Ново на Сител
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат