Македонија
12. January 2022 - 9:56

СДСМ: Арсовска ги игнорира ингеренциите на Град Скопје за топлинската енергија

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и основно непознавање на нејзините ингеренции.

Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на енергетска криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните.

Но, затоа Арсовска постојано се иззема и бара оправдувања за нејзината неспособност и незнаење и при тоа го игнорира фактот дека Град Скопје има ингеренции врз топлинската енергија.

Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани, но и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.

Поточно, Член 151 став 1 од Законот за енергетија вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве дејности:

1)      Производство на топлинска енергија;

2)      Дистрибуција на топлинска енергија и

3)      Снабдување со топлинска енергија.

Срамно е што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани во време на криза.

Ова е крајно неодговорен, нечесен и потценувачки однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ