Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести.
Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје.
-Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар, се наведува во соопштението.
До матичните лекари ќе биде дистрибуирана и информација за разработената патека за преглед, тестирање и згрижување на евентуалните пациенти.
Двајцата пациенти заболени од мајмунски сипаници се родени 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР