Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
Скопското обвинителство поднесе обвинение за семејно насилство против 54-годишно лице кое во алкохолизирана состојба телесно ја повредило својата сопруга. Јавниот обинител побарал на лицето да му биде продолжен притворот кој му бил претходно определен.
- Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата „Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото тело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција, информираат од Републичкото јавно обвинителство.
Јавниот обвинител оценил дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично била определена мерка притвор, па побарла притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки