Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти
Половина од корисниците на интернет во Европската унија својот одмор или патување го резервирале онлајн. Најчесто тоа го направиле корисниците од Луксембург – 73 проценти, а најмалку Бугарите – 17 и Романците 18 отсто. Онлајн одмор резрвирале само 13 проценти од корисниците на интернет во земјава.
Според податоците на Евростат, во 2017 година, по Луксембург својот одмор или патување преку интернет најчесто го резервирале корисниците во Финска со 65, Германија со 64 и Данска со 60 проценти.
Онлајн планирањето на одморот или патувањето е најмало меѓу помладите корисници на интернет на возраст меѓу 16 и 24 години (41%) и постарите корисници на возраст меѓу 65 и 74 години (47%). Интернет резервациите се најпопуларни меѓу корисниците на интернет на возраст меѓу 25 и 34 години, од кои 55 проценти одговориле дека својот одмор или патување го резервирале онлајн.
Во нашата земја само 13 проценти од корисниците на интернет одговориле дека го резервирале својот одмори или патување онлајн. Најчесто својот одмор онлајн го резервираат луѓето на возраст меѓу 25 и 34 години (16%), а нешто помалку (12%) луѓето на возраст меѓу 16 и 24 години и најмалку, само шест проценти луѓето на возраст меѓу 65 и 74 години.
По Северна Македонија, следуваат корисниците на интернет од Турција – 15%, Бугарија – 17% и Романија – 18 %.
Во регионот најчесто својот одмор го резервирале онлајн корисниците на интернет од Словенија – 49%, по што следат Грција – 40%, Србија – 35% и Хрватска – 25%.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг