САД: Професорот Норпот ја прогнозира победата на Трамп

Американскиот професор Хелмут Норпот, творецот на моделот со чија примена, освен во еден случај, успешно можел да го предвиди победникот на сите претседателски избори во САД во изминатите 100 години, тврди дека во ноември победата ќе ја добие Доналд Трамп.
Овој политиколог од Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк, развил модел за предвидување и кога го применил ретроактивно, се увидело дека ги покажал сите победници на изборите од 1912 година. Погрешил само еднаш и тоа во 2000 година, кога рекол дека ќе победи Ал Гор, пишува лондонскиот весник „Индепендент“.
Меѓутоа Гор, тогаш доби многу гласови, но по спорното пребројување на гласовите на Флорида, претседател стана Џорџ Буш помладиот.
Норпот во изјавата за „Њујорк пост“ нагласи дека Трамп бил најсилен во изборите во рамките на Републиканската партија и дека ќе победи.
- Со моделот уште во февруари беше предвидено дека Трамп ќе победи, и од тогаш ништо се нема променето. Што и да се случува во вистинскиот свет, не влијае на моделот, истакна Норпот.
Моделот, меѓутоа, не го зема предвид политичкиот пејсаж кој постојано се менува, ниту како поединечни случувања влијаат на изборната трака, како ни фактот дека двете најсилни партии во САД се помалку ја претставуаат земјата во целина.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
