САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори

САД од денеска ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот (14:00 по Гринич) ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон иранските пристаништа.
Како што се наведува, блокадата ќе се спроведува „непристрасно“ за бродови од сите држави. Истовремено, ќе се овозможи слободна навигација за бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина кон пристаништа кои не се наоѓаат во Иран.
Трамп изјави дека американската морнарица ќе пресретнува бродови што му плаќаат такси на Иран за користење на теснината, нагласувајќи дека „никој што плаќа нелегален надомест нема да има безбеден премин“. Целта на оваа мерка е да се спречи Иран да наплаќа транзитни такси и да се намалат неговите приходи од нафта.
Трамп најави дека блокадата може да биде ублажена доколку се обезбеди безбеден премин за сите бродови.
Ескалацијата следува по повеќе од 20 часа преговори во Исламабад, со посредство на Пакистан, кои завршија без договор. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Техеран ја одбил конечната понуда.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи оцени дека САД применуваат „максимализам“ и променливи услови, додека претседателот Масуд Пезешкијан го обвини Вашингтон за „двојни стандарди“ во разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Ормуската Теснина, сместена меѓу Иран и Оман, е една од најважните светски поморски рути за трговија со нафта, а сообраќајот низ неа е значително намален од почетокот на конфликтот.
Ново на Сител
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
