Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина

САД досега вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина, изјави денеска командантот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Ден Кејн.
На прес-конференцијата во Вашингтон тој додаде дека на почетокот на блокадата имало седум бродови кои биле причина за акцијата на САД, објави Скај њуз.
Кејн истакна дека на 13 април, токму кога американската блокада на преминот стапи во сила, веќе имало обиди од страна на бродовите да се пробие блокадата.
„Меѓутоа, бродовите веднаш ја почувствуваа американската борбена моќ“, додаде американскиот генерал.
Според него, моќта ја прави комбинацијаод од присуството на бродови разурнувачи во Ормуската Теснина, со воздушна поддршка од носачот на авиони „Абрахам Линколн“.
Кејн додаде дека сите бродови кои се обидуваат да ја пробијат блокадата ќе бидат предупредени и дека досега се вратени 13 бродови откако започна блокадата на морскиот премин.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кога го означи почетокот на блокадата, рече дека доколку кој било ирански брод се приближи до американската блокада на Ормутската Теснина, ќе биде уништен
МИА
Ново на Сител
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
-

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
-

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти
-

Барселона вложи нова жалба до УЕФА
