-->
-->
САД издвоија 40 милиони долари за вооружување на Бугарија
-->
Бугарија ќе добие 40 милиони долари дополнително воено финансирање откако ќе биде одобрено од Конгресот на САД, соопшти Американската амбасада во Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, средствата се наменети за зајакнување на безбедноста на Бугарија. Финансирањето е дел од сеопфатниот пакет наменет за Украина и 17 нејзини соседни земји, вклучително и Бугарија. Целта е да се зајакне безбедноста на оние земји кои можат да бидат жртви на потенцијална руска агресија.
Парите за Бугарија се наменети за модернизација на бугарските вооружени сили и за зајакнување на одбранбената способност на НАТО во балканскиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети