Русија подготвува најголема воена вежба од крајот на Студената војна

Русија ја подготвува најголемата воена вежба уште од времето на Студената војна, насловена „Запад 17“, а парадата на руските воени сили внимателно ќе биде следена од страна на НАТО алијансата, во атмосфера на зголемени тензии на релацијата Исток-Запад, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.
Западните претставници и аналитичари проценуваат дека во вежбите, кои следниот месец ќе бидат одржани во Белорусија, во областа Калињинград, како и на самата територија на Русија, можно е да учествуваат до 100.000 војници.
Претставниците на Москва, меѓутоа, тврдат дека бројот на учесниците во вежбите ќе биде значително помал.
Руските власти порачуваат дека воените вежби „Запад 17“ се планирани одамна и дека таков вид на воено вежби се реализира на секои четири години, па поради тоа тие не претставуваат никаква реакција на американските санкции.
Воените вежби „Запад 17“ ќе се одржат од 14 до 20 септември, а се случуваат во време на затегнати односи меѓу Русија и САД.
Од канцеларијата на НАТО во Брисел соопштија дека не планираат да рагираат на маневрите на руската војска со распоредување на дополнителни трупи долж руската граница.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
