-->
-->
РГ: Осминафинале за Мареј преку дел Потро
-->

Енди Мари успеа да го преживее дуелот со Хуан Мартин дел Потро и да избори пласман во осминафиналето на Ролан Гарос.
Иако резултатот 3-0 по сетови, тоа не го покажува, Мари со многу напор, по три часа игра, славеше над Делпо.
Светскиот број 1, само поради грешките на противникот го преживеа првиот сет, кој траеше 86 минути.
Делпо имаше две сет топки при резултат 5:3 и 5:4, а потоа уште две во тајбрејкот. При резултат 7:6 во тајбрејкот Делпо направи двојна сервис грешка. Првиот сет Мари во тајбрејк го доби 10:8.
Во вториот сет Мари направи брејк во раната фаза, но Делпо успеа да се врати при резултат 4:5, односно кога Мери сервираше за освојување на вториот сет. Сепак Аргентинецот одново поради своите грешки, потоа го загуби својот сервис, а Мари сето го доби 7:5.
Потоа Аргентинецот целосно попушти што Мари го искористи и третиот сет го реши со 6:0.
Првиот носител во осминафиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Џон Изнер и Карен Качанов.
Покрај Мари пласман во осминафиналето изборија Марин Чилиќ со победата во три сета над Фелисијано Лопез, Фернано Вердаско кој го декласира Пабло Куевас и Кевин Андерсон кој во пет сета славеше над Британецот Кајл Едмунд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
