Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена

Треторангираниот тенисер на АТП листата, Шпанецот Карлос Алкараз ќе настапи на овогодишниот турнир во Виена, кој ќе се одржи од 26 октомври до 1 ноември, а тоа ќе биде негово враќање во австриската престолнина по пауза од пет години, објавија денеска организаторите.
Алкараз во последен момент ја донесе одлуката да настапи на АТП турнирот во Виена, откако беше одложен ревијалниот турнир со богат награден фонд во Саудиска Арабија, кој требаше да се одржи од 21 до 24 октомври.
„Сè се случи многу брзо, Карлос ја прифати поканата да дојде во Виена без двоумење откако беше одложен турнирот во Саудиска Арабија. Воодушевен сум што доаѓа бидејќи е еден од најинтензивните играчи и личности на целиот АТП Тур со голем број навивачи“, изјави директорот на турнирот Хервиг Страка.
Доаѓањето на Алкараз дополнително го зајакна турнирот во Виена, бидејќи пет играчи од првите 10 на АТП ранг-листата, Александар Зверев, Данил Медведев, Флавио Коболи, Алекс де Минаур и Франсис Тиафо, го најавија своето доаѓање уште порано.
Турнирот во Виена е последна можност за проверка на формата пред завршниот Мастерс за оваа година, кој ќе се игра во Париз од 2 до 8 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
