Рама вети уништување на одгледувањето на канабис до крајот на годинава
Албанскиот премиер Еди Рама, на денешната средба со полициските раководители ги разгледал досегашните резултати и договарал понатамошни мерки против одгледувањето и трговијата со канабис сатива(мархуана) во земјата.
На средбата Рама побарал акциите да продолжат со истата динамика и меѓуинсттуционалната соработка,искажувајќи при тоа убеденост дека до крајот на годинава Албанија ќе го искорени овој проблем засекогаш.
- Ако се држиме строго до националниот анти-канабис план, ќе успееме да ставиме крај на историјата со одгледувањето канабис до крајот на оваа година, рече Рама,кој најави дека на овој план имал разговори за соработка со италијанската влада.
Тој во исто време повика на нулта толеранција и кон полицајци кои биле вклучени во нелегални активности или се двоумат да ја извршат работната обврска кога ќе добијат информации за одгледување или шверц на канабис.
Во март албанската Влада усвои национален план во борбата против одгледувањето и трговијата со канабис за периодот 2017-2020 година. Оттогаш полицијата и сите надлежни институции се вклучени во решавањето на овој проблем.
Директорот на албанската полиција,Хаки Чако, информирал дека одгледувањето на канабисот се намалил за 318 пати споредено со минатата година.Според него за шест месеци биле унштени 36.290 стебла канабис сатива.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртел на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило