Македонија
30. October 2019 - 17:30

При посета на сопругот во затвор штипјанка се обидела да му однесе марихуана, заработи кривична

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(25) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 13 март минатата година во затвор во Штип, при извршен личен преглед над пријавената, која вршела посета на нејзиниот сопруг кој бил на издржување казна затвор, биле пронајдена и одземена марихуана.