Путин - Кери: Соработката придонесе за напредок во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Џон Кери изјавија дека соработката меѓу државите придонело за некои позитивни резултати во Сирија.
Кери, на почетокот на средбата со Путин во Москва, изјави дека САД нестрпливо очекуваат напредок во мировните преговори во Женева, за да почне „многу сериозната и тешка работа“ за политичката транзиција во Сирија, што ќе донесе промени во животот на луѓето во Сирија.
- Луѓето во Сирија и луѓето во регионот можат да вкусат и да помирисаат што значи да има сериозно намалување на насилството и да добиваат хуманитарна помош, посочи Кери.
И Путин наведе дека контактите меѓу Русија и САД вродиле со плод и дале шанса за решавање на сериозните прашања.
- Секогаш се радуваме на вашите посети бидејќи тие секогаш преминуваат во деловна атмосфера и даваат шанса за придвижување на сериозни прашања, наведе Путин.
Тој изрази увереност дека двете земји ќе успеат да најдат допирни точки и да постигнат напредок во решавањето на билатералните и меѓународните прашања.
Ново на Сител
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
