Путин: Имаме одговор на Америка - нуклеарно оружје за кое нема одбрана
Путин во текот на редовниот годишен говор за состојбата на нацијата, изјавил дека Русија има одговор на Америка, и дека секој напад на сојузниците ќе го смета како напад на Русија.
Освен економските теми, рускиот претседател Владимир Путин зборувал и за намерата да ја намали сиромаштијата во земјата и да ја зголеми долговечноста, а најголемиот дел од говорот рускиот претседател беше фокусиран на наоружувањето, војската, Сирија и судирот со Америка.
Рускиот претседател, обраќајќи се пред јавноста, најпрво изјави дека сака да го истакне големото значење од учеството на Русија во сирискиот конфликт и напредокот кој на тоа поле е постигнат.
Според неговите зборови, Русија сега е фокусирана на развој на најмодерни стратешки ракети поради повлекувањето на Америка од антибалистичкиот ракетен договор. Путин потсети дека тој договор требал да биде гаранција дека ниту една страна нема да изврши нуклеарен напад врз другата.
Повлеќувањето на САД од овој договор во 2002 година беше лош потег, изјави Путин и додаде дека за тоа време Русија се обидувала да ја намали штетата направена со повлекувањето на САД, но и тоа дека Вашингтон на тие обиди воопшто не реагирал, поради што сите обиди на Москва пропаднале.
Според неговите зборови, ароганцијата на САД постои уште од распадот на СССР и фактот дека не верувале оти Русија може повторно да стане силна. Вашингтон сакал, како што изјави, да доминира по прашањето за наоружување и на сите да им кажува што да прават.
„Сега САД продолжуваат да ја развиваат својата антибалистичка програма. Нашиот одговор на таа закана е да развиеме уште подобро стратешко оружје, со подобри контрамерки, кои нашето оружје би го направиле потешко за пресретнување. Исто така, Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета (Сармат), која ќе ги замени постоечките, застарени системи“ – изјави Путин.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
