Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападнала база за американски беспилотни летала во Бахреин, објави државната новинска агенција.
Гардата, исто така, соопшти дека го уништила „главниот центар за вештачка интелигенција во Бахреин“ со балистички ракети и беспилотни летала.
Иранската државна телевизија рано утрово соопшти за три експлозии во јужниот ирански град Сирик, додека државната новинска агенција објави за пет експлозии во централниот ирански град Јазд, откако американската војска објави дека извршува нова серија напади врз цели во земјата седма ноќ по ред.
Ирански медиуми објавија дека американските ракети биле употребени за напад врз области во југозападниот град Ахваз. Експлозии се слушнале во неколку провинции во јужен Иран.
Гардата, како што јави иранската телевизија, соопшти дека беспилотно летало MQ-9 е уништено над провинцијата Бушер. Повикувајќи се на гардата, телевизијата, исто така, објави дека два танкери за нафта експлодирале и се запалиле откако поминале низ миниран пат јужно од Ормуската теснина.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
