Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството
Реизбраниот руски претседател Владимир Путин синоќа се појави на концерт во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим и им се заблагодари на граѓаните на поддршката што му ја дадоа.
Концертот „Русија.Крим.Севастопол“ беше одржан на плоштадот Мањежни во центарот на Москва.
- Ви се обраќам вам, кои се собравте тука, но и на сите приврзаници ширум земјата. Ви благодарам за резултатот, рече Путин.
Тој нагласи дека во поддршката ја гледа довербата на граѓаните и надеж за понатамошен развој на земјата и ги повика Русите да го одржат единството.
Путин на Крим освои повеќе од 90 отсто од гласовите, покажаа податоците на Централната изборна комисија. Тоа беа први руски претседателски избори на кои учествуваа граѓаните на Крим.
Изборите беа одржани на денот кога се навршуваа точно четири години откако Крим и Севастопол беа анексирани кон Русија, што западните земји го оспоруваат барајќи почитување на територијалниот интегритет на Украина
Ново на Сител
-

СДСМ: Во наше време растеа платите
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
