Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина

Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за решавање на конфликтот во Украина, по состанокот кој траеше четири и пол часа и се одржа на руски и англиски јазик зад затворени врати, изјави извор упатен во преговорите.
Како што рекол изворот за „РИА Новости“, Британците, предводени од советникот за безбедност на премиерот Кир Стармер, Џонатан Пауел, исто така пристигнале на местото на одржување на самитот за да се запознаат со резултатите од разговорите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека не се очекуваат вести по завршениот состанок и оти страните ќе ја продолжат својата работа утре.
Истовремено, советникот на претседателот на Украина, Серхи Лешченко, потврди за „Укринформ“ дека разговорите се одржале со присуство на европски советници за безбедност, додавајќи дека тие не биле непосредно присутни во преговарачката сала.
Лешченко наведе дека биле присутни советници од Франција, Германија, Италија и Велика Британија, кои се во постојана врска со учесниците во преговорите. Според него, нивното присуство одговара на интересите на Украина и Европа, бидејќи „Европа мора да биде на преговарачката маса, а патот на Украина кон ЕУ е неизбежен и корисен за двете страни“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред новата рунда разговори, изјави дека Украина треба „што побрзо да седне на преговарачката маса“.
Новата рунда преговори меѓу Русија, САД и Украина за украинското решение се одржа во Женева, во хотелот „Интерконтинентал Женева“.
Руската делегација ја предводеше помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, американската делегација ја предводеа специјалниот пратеник Стивен Виткоф и високиот советник на Белата куќа Џаред Кушнер, а украинската делегација ја предводеше шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирило Буданов.
Состаноци на работната група за економски прашања, во која е и генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, исто така ќе се одржат во Женева.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
