Промовирана книгата „Бајки тралалајки“ од Љубомир Грбевски

Книгата „Бајки тралалајки“ од новинарот, музички критичар и писател Љубомир Грбевски денеска беше промовирана во рамки на манифестацијата „Скопско лето 2016“.
- Се работи за драмски текстови за тинејџери или како што вели самиот поднаслов-За урбани клинци и напредни мајки или и за возрасни. Тие се стокмени во стихови и се бајковидни, со волшепства, царици, принцови..., рече Грбевски. Додаде дека се со многу рими и прилагодени за помладите.
Книгата содржи шест драмски текстови: „Како шутот доби на дар работно место да стане цар“, „Како Евка царевка, вита како бреза, стана принцеза“, „Сказна за сликата на Доријан змеј“, „Сказна за лажниот цар левучар“, „Шумско востание“ и „Како се сретнаа в сон шарениот меур од сапуница и многу други шашави лица“.
Тој истакне дека се работи за пародија на старите бајки.
- Ликовите од бајките зборуваат на мобилни, корисат таблети, возат скирол, корисат се што современите деца имаат и преживуваат, додаде Грбевски.
„Бајки тралалајки“ е трета книга на Грбевски. Издавач на книгата е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. Книгата наскоро ќе може да се набави во книжарниците „Култура“, „Табернакул“, „Или-или“ и „Матица“.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
