Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш" од Ѓорѓе Јовановиќ
Графичката новела „Хашиш“ од визуелниот уметник од Скопје Ѓорѓе Јовановиќ, а по текст на Анри Мишо, е седма книга од стрип - едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“.
Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.
- Светот во графичката новела „Хашиш“ изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела. Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти - записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за „маневрирање“, вели Јовановиќ.
Изданието е финансирано од Фондацијата Отворено општество - Македонија и Хопс-Опции за здрав живот-Скопје.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата