Македонија
12. October 2018 - 8:37

Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш" од Ѓорѓе Јовановиќ

Графичката новела „Хашиш“ од визуелниот уметник од Скопје  Ѓорѓе Јовановиќ, а по текст на Анри Мишо, е седма книга од стрип - едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“. 

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и  селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

- Светот во графичката новела „Хашиш“ изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела. Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти - записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за „маневрирање“, вели Јовановиќ.

Изданието е финансирано од Фондацијата Отворено општество - Македонија и Хопс-Опции за здрав живот-Скопје.