Проценка на штетата во Собранието, објектот и опремата осигурани
Објектот и опремата на Собранието на Република Македонија се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета во нередите што се случија на 27 минатиот месец, информира денеска одделението за односи со јавност на Собранието.
- По настаните од 27 април стручната служба на Собранието направи увид на материјалната штета. Моментно се врши документирање, фотографирање и нејзин опис. По завршување на целосната постапка за утврдување и проценка на направената штета, ќе известиме за неа. Собранието, објектот и опремата се осигурани и осигурителната компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета, се вели во соопштението.
Нередите во Собранието се случија на 27 април вечерта по изборот на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом од страна на СДСМ и албанските партии. Во нередите беа повреди пратеници и новинари и беа демолирани и уништени собраниски простории и инвентар.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата