Претседателот Пендаровски го прими директорот на Канцеларијата на Светска банка, Мантованели
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, во рамките на регионот на Европа и Централна Азија.
На средбата биле разменети мислења за севкупните економски состојби во Северна Македонија и билп изразено задоволство од воспоставениот партнерски однос со Светска банка, што во изминатите 26 години има значителен придонес во остварувањето на нашата реформска агенда во повеќе области.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, директорот на Канцеларијата на Светска банка, Мантованели, го информирал Пендаровски за тековните активности на групацијата, како и за целите и проектите што произлегуваат од новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија, со која треба да се овозможи поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст.
Претседателот Пендаровски ја нагласил исклучително важната улога на Светска банка во нашиот севкупен економски развој, притоа истакнал дека иако земјава бележи позитивен тренд, неопходен е натамошен максимален ангажман од сите домашни релевантни фактори во градењето и одржувањето на политичката стабилност и правната предвидливост, како клучни предуслови за просперитет на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата