Претседателот на Малдивите светски рекордер - држеше 14 часа 54 минути прес конференција

Претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу, одржа прес-конференција што траеше 14 часа и 54 минути, со што го урна рекордот од 14 часа што го држеше украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година.
Конференцијата предводена од Муизу (46) започна во саботата во 10:00 часот по локално време и траеше речиси 15 часа, прекината со кратки паузи и молитви, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се додава дека Муизу „континуирано одговарал на прашања од новинарите“.
Во октомври 2019 година, украинската агенција за евиденција објави дека конференцијата организирана од Зеленски траела 14 часа, со што го урнала рекордот на прес-конференцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко од седум часа.
Владата на Малдивите, архипелаг во Индискиот Океан со население од 550.000 жители, соопшти дека сесијата со прашања и одговори имала за цел да го одбележи Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.
Муизу „ја препозна суштинската улога на печатот во општеството и ја нагласи важноста на фактичкото, избалансирано и непристрасно новинарско известување“, се вели во соопштението.
Претседателот на Малдивите, избран во 2023 година, сакаше да го одбележи скокот од две места што неговата земја го постигна на Светскиот индекс на слобода на печатот на невладината организација „Репортери без граници“. На таа листа, Малдивите сега се наоѓаат на 104-то место меѓу 180 земји.
Шефот на државата одговараше на прашањата што граѓаните им ги поставија на новинарите. Дваесет новинари беа присутни, се наведува во соопштението, додавајќи дека за време на конференцијата се служела храна.
Малдивите имаат по четири дневни весници и телевизиски станици, и по две радио станици, а поголемиот дел од населението (61 процент) добива информации преку интернет, додека само девет проценти од населението чита весници.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рид и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
