Претседателот Иванов во дводневна официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора.
Претседателот Иванов, во Цетиње ќе оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, а во Милочер со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и со претседателот на Владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Иванов утре ќе учествува на Бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Република Македонија и јакнење на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.
Во делегацијата предводена од македонскиот претседател за време на официјалната посета на Црна Гора е и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески.
Теми на разговор со официјалните претставници на Црна Гора ќе бидат продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, со фокус на економската соработка, заемната поддршка и разменување искуства во процесот на ЕУ и НАТО интеграциите, како и регионалната и мултилатералната соработка.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица