Македонија
9. April 2026 - 10:29

Претрес во светиниколско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

 

На 08.04.2026 во 16:35 часот во с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Т.(25) од с.Ерџелија.

При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.