Македонија
9. April 2026 - 10:04

Дрога пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, приведен 25-годишен жител на селото

Дрога била пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, по што приведен бил 25-годишен жител на селото.

- Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР - Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд - Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

МИА