Премиерот Димитриев се сретна со евроамбасадорот Орав

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, по повод завршувањето на мандатот на евроамбасадорот во нашата земја.
Двете страни ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Соговорниците изразија задоволство од меѓусебната соработка на секое ниво од взаемен интерес, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Димитриев се заблагодарил за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Европската Унија во реализацијата на реформите и проектите за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, и за личниот ангажман на амбасадорот Орав во таа насока. Претседателот на Владата на амбасадорот Орав му посакал успешна работа во неговиот иден ангажман.
Соговорниците истакнале дека и во идниот период Република Македонија и Европската Унија ќе продолжат со соработка за реализацијата на стратешката цел за европска интеграција на нашата земја.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
