Преку граница од утре без ПЦР тест, да се патува само ако е неопходно
Иако утре e празничен ден, за нас е почеток на неделата, ќе можат граѓаните да патуваат во соседните земји. Во соседните земји од регионот, овде не станува збор за Грција, а незнам со Бугарија конечно како е, но одлуката во регионот на Западен Балкан е донесена, така што границите ќе бидат отворени и граѓаните ќе може да патуваат во соседните земји, но апелирам само тогаш кога е најнеопходно, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вечерва од полноќ македонските државјани ќе можат да патуваат во соседните земји без PCR тест.
Сите, посочи премиерот, имаме исти бројки на заразени, трендот на растот е ист и дефинитивно не треба да правиме пречка за мобилноста, што значи економија, живот за граѓаните, но да патуваме тогаш кога можеме.
– Онлјан, по телефон, разговори секојпат можеме да ги практикуваме за било што. Препорачувам да се патува само кога е неопходно заради тоа што само на тој начин ќе го заштитиме и сопственото здравје и здравјето на сите, потенцира Заев одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во работа на далекуводот Неокази – Пробиштип.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
