Македонија
16. јуни 2016 - 10:23

Пракса за учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ во компании од Кочани

Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани на крајот од секоја учебна година за своите ученици од повеќе профили од машинската и електроструката обезбедува феријална пракса во траење од 10 до 20 дена. Со компании од Кочани е постигнат договор за изведување пракса во текот на летниот распуст.
 
- Учениците од профилите транспорт и шпедиција, компјутерска технологија и автоматика, електроника и телекомуникации и електротехничар-енергетичар со четиригодишно образование својата феријална пракса во втора и трета година ќе ја изведуваат во неколку кочански компании. Најголем број од учениците ќе бидат прифатени во компанијата „Амфенол“ од струката електроничари и телекомуникации, како и во компаниите „Електрика“, во „Електро херц“ како и во сервисите за компјутери и електротехника, изјави Димче Сребренов, директор на СОУ„Ѓошо Викентиев“ од Кочани.
 
Феријална пракса е организирана  и за учениците од новите реформирани профили во машинската и електроструката со тригодишно образоивание во прва и втора година во траење од десет до дваесет дена.
 
Радува податокот, истакнува Сребрененов, што странските компании како што е „Амфенол“ имаат потреба од изведување феријална пракса како и вработување млади стручни кадри веднаш по завршувањето на образованието.
 
Оние ученици кои ја посетуваат наставата во СОУ„Ѓошо Викентиев“ во Кочани, а се од соседните општини Виница, Македонска Каменица, Делчево и Пробиштип, феријалната пракса ќе ја изведуваат во своите места на живеење