Познато зошто се разведуваат Емина и Мустафа
Турската ѕвезда Мустафа Сандал станал многу близок со, на јавноста непозната жена, и било само прашање на време кога официјално ќе го заврши бракот со Емина Јаховиќ.
Минатата недела Емина и Мустафа признаа дека се разведуваат по десет години брак, а како што јавуваат српските медиуми, причината за тоа е друга жена.
Пејачката и нејзиниот сопруг на социјалните мрежи објавија отворено писмо, но без никакви детали.
Според пишувањата на српски Курир, турскиот пејач инсистирал на развод. Двајцата се обиделе да ја зачуваат заедницата, најмногу поради децата, но во тоа не успеале.
По вториот разговор, Мустафа одлучил да ја напушти семејната куќа, во која Емина ќе остане да живее со децата.
Пред неколку години Мустафа го поврзуваа со бугарската пејачка Десислава.
-Се заљубов во Мустафа на прв поглед. Возбудена сум што на сцената ќе пееме еден покрај друг. Неговата харизма и талент се неверојатни. Знам дека е оженет, но и предлагам на неговата сопруга да не се лути многу, изјавила тогаш Десислава.
Се уште не е познато дали токму оваа бугарска пејачка е причина за разводот.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
