Повик за волонтери во поплавените подрачја од Националниот младински совет

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвора повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје. За таа цел ги повикува сите млади лица, младински организации и организации за млади да се вклучат во акцијата и воедно да го обележат 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.
- Од Дирекцијата за заштита и спасување имаме информација дека се потребни волонтери за грижа на цивилното население, расчистување на ѓубрето и сметот и дистрибутери за храна, вода, лекови, сретства за хигиена,..., наведува Советот.
Аплицирањето е со пополнување електронска пријава на https://docs.google.com/forms/
Базата на волонтери што ќе биде креирана од НМСМ ќе биде ставена на располагање на сите неформални групи, национални и меѓународни институции и организации кои формално или неформално организираат хуманитарни акции во поплавените подрачја, како и Дирекцијата за заштита и спасување која во посредство на Националниот младински совет на Македонија ќе координира исто така дел од волонтерите.
Националниот младински совет на Македонија е во можност да ги снабди волонтерите со ракавици и заштитни маски. Апелира волонтерите задолжително да се снабдат со гумени чизми и повикува, доколку некој има вишок опрема или дополнителна опрема (метли, џогери, лопати, алат), да ги достави во просториите на НМСМ на ул. Костурски Херои бр.51/2 или да се јави на 078 350 531 за дополнителна координација.
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
