Повеќе скопски населби и села утре без струја
Дел од корисниците од улиците „Антон Кецкаров“, „Пекљане“, „Шарпланинска“ и „Торонто“ во населбата Даме Груев, утре од 9 до 15 часот ќе останат без струја.
Истиот период без струја ќе бидат и корисниците од селата Горно и Долно Блаце, Граничниот премин Блаце и Терминалот Блаце во општина Чучер – Сандево, како и жителите лоцирани на улиците „Букурешка“, „Варшавска“, „Ташкентска“, „Хаванска“, „Хелсинки“ и „Мексичка“ во општина Карпош.
Во временскиот период од 7:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Мршевци и Бујковци, општина Илинден, а од 8:30 до 15:30 часот дел од корисниците од Кванташки пазар во близина на пругата и корисниците зад печатницата „Гоце Делчев“.
Од 9 до 15 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Лука Геров“ – подулици 8, 10, 12 и 15 и корисниците од улицата „Рајко Жинзифов“ од бр. 2 до Амбасадата на Република Романија во општина Центар.
Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата