Поставена бомба на берлинскиот аеродром?
- Патниците од авион на германската компанија „Луфтханза“ попладнево беа евакуирани од леталото на берлинскиот аеродром „Тегел“, поради добиена закана за поставена бомба, јави дописникот на МИА од Берлин. Станува збор за авион од типот „Ербас А319“, кој во 16 часот требало да полета на линијата Берлин - Минхен. Но, поради дојавата за можен терористички напад, сите 128 патници биле вратени во аеродромската зграда. - Поради безбедносни закани летот на авиокомпанијата „Луфтханза“ на линијата Берлин-Минхен мораше да биде дополнително проверен од страна на аеродромските служби, изјави портпаролот на аеродромот „Тегел“ Ларс Вагнер. По проверката на авионот, летот е целосно откажан, но сообраќајот на другите летови на аеродромот се одвива нормално. Пред два дена слична закана имаше и на аеродромот во Касел, каде што по дојава за поставена бомба во багажот беа евакуирани патниците на летот за Анталија.
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија