Последни обиди на Франција да постигне компромис меѓу Скопје и Софија
Висок дипломатски извор за МИА вели дека Франција не се откажува до последен момент од изнаоѓање решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Додека во Мадрид се наоѓаат шефовите на држави и влади и министрите за надворешни на Северна Македонија, Бугарија и Франција, во Брисел продолжува дипломатската активност од страна на Париз, вели за МИА дипломат од земја членка на ЕУ.
-Ќе видиме што ќе направат Французите, тие сакаат утре да се одржи првата меѓувладина конференција и сѐ уште се обидуваат, објаснува дипломатот запознаен со активностите на француското претседателство.
Меѓутоа ниту една друга земја членка освен Франција, и се разбира Бугарија, немаат никакви детали за содржината на овие последни обиди.
Француското претседателство завршува денеска на полноќ, по што палката ја презема Чешка, која за време на германското претседателство ги блокираше заклучоците токму поради внесувањето на билатерални историски прашања, меѓу другото.
Чешка, како следен претседавач со ЕУ, не е во можност да блокира ниту заклучоци, ниту преговарачка рамка, бидејќи од позиција на претседавач земјите членки не смеат да ги застапуваат своите национални интереси и ставови туку имаат задача да градат компромис меѓу сите 27 земји. Но, дипломат од земја на ЕУ објаснува дека ставот на чешката дипломатија и нејзините црвени линии „не се изменети“.
-Ги знаете црвените линии на Чешка, но како претседавач мора да се изнајде договор добар за сите страни, а Франција уште се обидува да ги наведе сите на договор, брифира дипломатски извор.
Франција сака да приложи успех во процесот на проширување со Албанија и Северна Македонија, дотолку повеќе што во пакетот „Западен Балкан“ се наоѓаат и Косово и Босна и Херцеговина кои тапкаат во места, првите поради визната либерализација, вторите поради кандидатскиот статус.
Иако Прага не го вклучи проширувањето експлицитно во приоритетите на претседавањето, нивните дипломати уверуваат дека Западниот Балкан несомнено останува на врвот на списокот на приоритети, како и Источното партнерство, односно Украина, Молдавија и Грузија пред сѐ.
Париз неодамна достави предлог преговарачка рамка која беше неприфатлива за Северна Македонија поради непочитување на македонските црвени линии и киднапирање на процесот на преговори со ЕУ од страна на една земја членка, што претставува преседан во процедурите на ЕУ.
Бугарија потоа го усвои овој предлог, но со дополнителни услови. Предлогот не е усвоен како позиција на ЕУ. Останува отворено прашањето и што со дополнителните критериуми усвоени од страна на бугарскиот парламент и дали тие се прифатливи како за Франција така и за останатите земји на ЕУ.
Доколку пропадне обидот на Париз да ги одржи меѓувладините конференции со Скопје и Тирана, Чешка ќе ја преземе задачата, тврдат дипломатите во Брисел.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО