Македонија
26. April 2024 - 16:32

И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии

Ден по изборите лидерите на двете најголеми партии не кријат дека водат разговори со останатите партии и од македонскиот и албанскиот табор.

Без да открива со кого, Ковачевски вели дека разговори има на повеќе нивоа, но тие разговори не се за распределба на гласови бидејќи очекува поддршка од граѓаните а не од партиите. Денеска повторно негираше дека со ДУИ подготвуваат сценарио за бојкот на вториот круг од претседателските избори.

И Мицкоски вчера потврди дека раговара со повеќе партии со крајна цел, здружување против како што вели оваа криминална власт.

И Таравари денеска преку фб потврди дека телефонски разговарал со Мицкоски уште во средата вечерта по објавување на првичните резултати.

Предлогот на Мицкоски покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е тежината на гласот и на пратениците Албанци. Но, нашиот фокус како коалиција и како партија е работата за изборите на 8 мај, за најголем број мандати. По изборите ќе се водиме од националниот интерес на Албанците, од итната потреба да се исчисти власта од корупција и од нашата непреговарачка прозападна ориентација, пишува Таравари