Посебен сообраќајен режим викендов во Скопје - еве каде нема да се вози
Одделението за сообраќај при Секторото за Внатрешни Работи - Скопје во текот на викендот поради утрешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Норвешка на Арената Телеком во Градскиот парк и поради најавениот музички настан во ВИП Арената, како и заради најавените спортски настани во недела (атлетска трка, и ракометен натпревар) ќе спроведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците во непосредна близина на двата спортски објекти како и трасата на атлетската трка.
Имено, утре (11.11.) во периодот од 18,30 часот ќе има пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците кои гравитираат околу фудбалскиот стадион во градскиот парк. Додека пак од 20,00 часот поради настанот во ВИП арената периодично ќе има пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците кои гравитираат околу објект - булеварот “8-ми Септември“ и ул. “Бледски Договор“.
Во недела (12.11.) во периодот од 16,00 до 18,00 часот ќе се одвива Атлетска трка чијашто траса ќе биде по улиците: старт од плоштад Пела, лево под подземниот премин ГТЦ, десно по ул. „Филип Втори“, десно по бул. „11-ти Октомври“, десно по ул. „Никола Вапцаров“, така што овие сообраќајници ќе бидат затворени за сообраќај. Потоа од 19,00 часот поради ракометниот натпревар помеѓу Металург - Монпеље во ВИП арената повторно ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на сообраќајниците - бул. “Осми Септември“ и ул. „Бледски Договор“.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина