Посебен сообраќаен режим за време на манифестацијата за Водици
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре, 19 јануари, за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кеј Ноември“ до бул. „Кочо Рацин“.
Во општината Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. „Демир Трајко“ и лево по ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на Вардар.
Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.
Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани