Македонија
30. November 2016 - 13:54

Попоски на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите - членки на Европската Унија, кој го приреди словачкиот амбасадор во Република Македонија Мартин Безак, во својство на актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, ја истакнал заложбата за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Осврнувајќи се на содржината на годинашниот Извештај на Европската комисија, нагласил дека Република Македонија ќе биде фокусирана на адресирање на препораките во насока на постигнување значителен напредок со цел придвижување на евроинтегративниот процес.

Попоски ги брифирал амбасадорите и за подготовките за реализирање на предвемените парламентарни избори на 11 декември и го истакнал очекувањето за успешно одвивање на изборниот процес.