Полицијата го пронајде чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро | ФОТО

Припадници на полицијата и членови на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ Струга го пронајдоа чамецот со малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот кај „Женска Плажа“ во водите на Охридското Езеро. Со службен пловен објект малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.
- Денеска во 09.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од веслачки клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија, информирааод од МВР.

Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер не можеле да го извлечат на брегот.
По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ и членови на веслачкиот клуб го пронашле чамецот на еден километар наспроти хотел „Изгрев“ во Струга, по што со службен пловен објект чамецот со малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
