Почна претставувањето на кандидатите за генерален секретар на ОН

Во седиштето на Обединетите нации денеска почна првото јавно претставување за генерален секретар на ОН во рамки на настојувањата процесот на изборот на првиот човек, за кој до оваа година традиционално одлучуваа светските сили зад затворени врати во Советот за безбедност, да стане потранспарентен.
Во текот на следните три дена на членовите на Генералното собрание на Обединетите нации, кои претставуваат 193 земји ќе им се претстават осум кандидати, кои досега се вклучени на дневниот ред.
Првиот ден пред Генералното собрание се претстави кандидатот на Црна Гора и поранешен министер за надворешни работи на таа земја Игор Лукшиќ, кој говореше за своите балкански корени и апелираше за поголем напор да им се помогне на младите во светот.
Наследникот на актуелниот генерален секретар на ОН Бан Ки-мун ќе ја води организацијата од 40 илјади вработени и со буџет од десет милијарди долари.
Конечната одлука за кандидатот се уште ја носи СБ, но оваа нова транспарентност се толкува како притисок врз големите сили да изберат кандидат, кој има поширока поддршка.
Новиот генерален секретар стапува на должност на 1 јануари 2017 година.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
