Почина уште еден затвореник од Идризово

Вчера во 17.00 часот во ЕИК-Скопје од Клинички центар-Клиника за гастрологија, било пријавено дека истиот ден во 15.27 часот на клиниката починал Б.И. (29) од с.Лојане, кумановско.
Истиот издржувал казна затвор во КПУ-Идризово и боледувал од цироза, а на 24.10.2016 година бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 17 овој месец на пат од КПУ-Идризово кон Клинички Центар во возило починал затвореникот Ш.З. (46) од с.Радожда, струшко. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
