ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга

Во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) попладнево се одигра 22. коло во кое Вардар го совлада Работнички во скопското дерби, додека лидерот Шкендија загуби на гостински терен од актуелниот шампион Струга.
Поразот на Шкендија го искористи второпласираниот Силекс, кој по гостинската победа над Беса сега заостанува два бода зад тетовскиот состав.
Пелистер пред своите гледачи триумфираше над Воска, Тиквеш во Кавадарци го совлада Шкупи, а Гостивар ја прекина серијата од три натпревари без победа постигнат гол со гостинска победа во Струмица над Брера.
ПМФЛ: 22 коло, резултати
Брера Струмица – Гостивар 0-1, Беса – Силекс 0-5, Пелистер – Воска 1-0, Работнички – Вардар 0-2, Струга – Шкендија 3-0, Тиквеш – Шкупи 1-0.
Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 32, Пелистер 26, Вардар 20, Брера Струмица 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15
Ново на Сител
-

Кривична за поранешен директор на ЈП Комуналец во Струмица, 47 пати ја злоупотребил службената положба
-

Млад скопјанец се разбудил и го пронашол другар му мртов во својот дом
-

Во амбулантата во КПУ „Идризово“ пронајдени четири пакувања со бела прашкаста материја
-

Лидерите на ЕУ го зголемуваат притисокот врз Орбан да престане да го блокира кредитот за Украина
-

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер
-

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
