Лавров: САД се опседнати од русофобија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека новите американски санкции против руски компании и поединци се знак дека русофобијата во САД ги преминала сите граници.

- Можам само да изразам жалење поради опсесивната русофобија на нашите американски колеги, изјави Лавров на синоќешната заеднчка прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан.
Американското Министерство за финансии вчера соопшти дека ги засилува санкциите против руски поединции и организации поврзани со континуираниот конфликт во Источна Украина и оти тие ќе останат во сила се додека Русија не ги исполни обврските од мировните договори од 2014 и 2015 година.
Санкциите на Вашингтон уследија еден ден откако Европска Унија ги продолжи своите казнени мерки кон Русија за уште една година.
Ле Дријан нагласи дека Франција не сака да ја изолира Русија.
- Не бараме изолација на Русија од останатиот дел на Европа, ниту нејзино економско слабеење, мораме да се разбираме едни со други посочи францускиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
-

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
