Опожарени возила и куќи во Белфаст откако мигрант се обиде да обезглави маж

Учесници во антимигрантските протести во Белфаст запалија автобус на градскиот превоз, повеќе возила, меѓу кои и полициски, како и неколку куќи, објави весникот „Белфаст телеграф“, повикувајќи се на агенциски извештаи.
Протестите во главниот град на Северна Ирска избувнаа по напад со нож што, според медиумските извештаи, го извршил имигрант од Судан.
Весникот објави фотографии од запалено полициско оклопно возило погодено со молотов коктел, како и од опожарени полициски и приватни автомобили и трактор.
Според денешното издание на весникот, жители од источниот дел на Белфаст биле евакуирани поради пожар.
„Би-Би-Си“ објави дека низ улиците на истиот дел од градот минувале стотина маскирани лица, кои удирале по вратите и кршеле прозорци на куќи. Притоа тие извикувале повици „да се избркаат странците“.
Телевизијата „Скај њуз“ јави дека бил запален и супермаркет во кој се продавале производи од Блискиот Исток.
Весникот „Тајмс“ објави дека антимигрантски протести биле одржани и во Глазгов и Единбург во Шкотска, додека „Дејли мејл“ објави фотографии од демонстранти собрани во Лондон и Саутемптон.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
