-->
-->
Ограбени два стана во Скопје, украдено злато и пари
-->

Вчера во Скопје на ул.„Никола Вукмиров“непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќа сопственост на Д.Б.(37) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 450 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Истиот ден на ул.„Социјалистичка Зора“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од стан сопственост на К.Т.(65) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 750 евра и 4.500 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 90.000 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини