Македонија
3. July 2025 - 12:18

Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Африм Фидани со свечена заклетва и официјално ја презема функцијата прв човек на највисокиот суд во државата.. Пред челновите на судскиот совет, денеска се заколна дека функцијата ќе ја извршува чесно, отчетно и одговорно.. Заклетва даваа и судиите од кривичната област избрани за во скопскиот апелационен суд, меѓу нив и доскорешниот претседател на Основниот кривичен суд, Иван Џолев..

Новиот претседател на Врховен во изјава за медиумите рече дека предметот за кочанската трагедија одлучиле да се суди во Кривчниот суд, бидејќи во ниту еден од судовите на истокот не постоеле услови за водење на судскиот процес.. Првиот човек на Судскиот совет, пак, очекува правично и фер судење..