Огнената стихија во Калифорнија се уште е надвор од контрола

Пожарникарите вложуваат големи напори да ја повратат контролата врз огнената стихија во Калифорнија, бидејќи пожарот го зафати и прескокна автопатот што служеше како брана пред големиот пламен на еден од 20-те шумски пожари што беснеаат во оваа земја.
Малку посвежото време денеска им помогна на пожарникарите да изградат тампон зона меѓу огнот и илјадниците домови, што се загрозени од пожарот што се проби низ засушениот честер, во округот Лејк, во кој со години наназад немало пожар, пренесува Танјуг.
Таму во текот на денот дувна ветар со променлив правец што го разнесе врелиот жар северно од автопатот и предизвика неколку нови пожари од неговата друга страна, северно од градот Клирлејк.
Во изминатите неколку дена се уништени повеќе од 20 куќи, а од огнот се загроени повеќе од 13.000 лица.
Најголемиот пожар во сушната Калифорнија за време на викендот се прошири на три пати поголема територија, на речиси 97 квадратни километри, создавајќи при тоа сопствени ветрови што го шират пламенот и големите површини со ниско стеблеста шума и честар ги претвораат во неплодна земја.
Огнот гори на подрачјето на Ловер Лејк, на околу 100 километри од Сан Франциски и на 10 километри од Клир Лејк, што е најголемото слатководно езеро во Калифорнија и популарно место за наутичарите и камперите.
Пожарникарите велат дека куќите околу езерото не се загрозени.
Евакуираните жители биле вџашени од брзината со која пламенот се ширел.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
